ВЕСТИРЕГИОНСВЕТ

Бугарија и Романија влегуваат во Шенген од 1 јануари 2025

Советот на ЕУ денеска одлучи проверките на копнените шенгенски граници на Бугарија и Романија да бидат укинати од 1 јануари следната година. Ова го соопшти унгарското претседателство со Советот на ЕУ, пренесе Consilium.Europa.

„Ова е историски момент конечно да се пречекаат Бугарија и Романија како полноправни членки на Шенген. Укинувањето на проверките на лицата на внатрешните копнени граници со и меѓу тие земји-членки беше главен приоритет за унгарското претседателство, а денес го направивме тоа реалност. Од овој чекор ќе имаат корист не само бугарските и романските граѓани, туку и целата ЕУ“, порача Шандор Пинтер, министер за внатрешни работи на Унгарија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button