ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарија му дала на Бучковски план за спроведување на Договорот за добрососедство

Специјалниот пратеник на С. Македонија, Владо Бучковски, денеска допатува во Софија каде попладнево од шефицата на бугарската дипломатија Захариева доби акциски план за спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година. Според медиумските извештаи од Бугарија, овој документ, кој се однесува на сите секторски министерства, се очекува да биде потпишан на состанок на Заедничката меѓувладина комисија. Содржината не е позната.

Во пресрет пак, на пристигнувањето на Бучковски, бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, за тамошните медиуми изјави дека Бучковски има добра волја да најде заеднички јазик, но не и оние што го испратиле во Софија.

„Бучковски е човек со добри намери и политичко искуство и не случајно е избран за такви разговори, но мислам дека владата во Скопје го користи. Тие едноставно го користат за да демонстрираат добра волја. Тој има добра волја, но мислам дека таква волја нема кај оние што го испратиле. Бидејќи, три и пол години тие не сторија ништо и сега се надеваат на компромис од бугарска страна. Таму постои див менталитет од 19 век и не гледам причина да очекувам напредок.“

Нема информации од Министерството за надворешни работи за агендата на Бучковски, ниту пак каков епилог очекува од разговорите. Шефот на дипломатијата Бујар Османи попладнево пак, од Скопје негираше дека воопшто постои некаков Анекс со 12 точки од Бугарија. Реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде обвинија дека СДСМ продолжува бесрамно да ги лаже граѓаните и да преговара за македонскиот идентитет и историја. Притоа потсетуваат дека како опозициска партија алармирале за содржината на анексот уште пред неколку месеци.

А, дипломатот и поранешен амбасадор на САД во Софија, Џејмс Пердју, во интервју за бугарски медиуми, рече дека Софија треба да ја поддржи, а да не ја блокира кандидатурата на Македонија во Европската унија.

Evi Shkopi

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button