ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарија не го менува ставот за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ

Бугарија нема намера да ја промени позицијата за Северна Македонија до крајот на годинава и нема да одобри почеток на преговори со ЕУ. Ова е позицијата на техничката влада во Софија утврдена на вчерашната седницата. „Бугарија ќе се придржува до декларацијата на Народното Собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ“, соопштија од владината прес-служба во Софија. Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи деновиве изјави дека се уште постои надеж оти бугарскиот став ќе се смени до одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ на 14 декември.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button