ВЕСТИРЕГИОН

Бугарија преминува на евро

Бугарија вчера доби зелено светло од лидерите на Европската Унија да ја користи заедничката валута евро од 1 јануари 2026 година.

Лидерите, собрани на самитот на ЕУ во Брисел, го поддржаа предлогот на Европската комисија да ѝ се дозволи на Бугарија да стане 21-ва членка на еврозоната.

Advertisements

Оваа балканска земја е членка на Европската Унија од 2007 година и е првата земја што ќе го усвои еврото откако Хрватска почна да ја користи заедничката валута во 2023 година.

Сепак, претходно треба да бидат консултирани Европскиот парламент и Европската централна банка (ЕЦБ) за потребните законски измени пред Бугарите да можат да плаќаат во евра.

Но, тие чекори се сметаат за формалност.

Бугарија, како една од најсиромашните земји на ЕУ, сè уште е на дното од групата од 27-членки во однос на бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, иако стапките на раст се повисоки од другите земји.

Критериумите за пристапување во еврозоната, покрај релативно ниските и стабилни стапки на инфлација, вклучуваат и стабилност на цените, здрави јавни финасии и стабилни девизни курсеви.

Европската комисија неодамна објави дека за Бугарија очекува стапка на инфлација од 3,6 отсто во тековната година и 1,8 отсто во 2026 година, што доведе до позитивна оценка за Софија.

Воведувањето на еврото во Бугарија беше проследено со протести.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button