ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарија сака зближување преку Ванчо Михајлов

„Првпат бугарски премиер ја посети Битола“. Вака бугарската влада го започна соопштението на социјалните мрежи, за посетата на делегацијата предводена од премиерот Кирил Петков. Тој е таму за да го одбележи отворањето на Центарот за култура „Иван Михајлов“, во друштво на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, потпретседателката на државата, Илијана Јотова и пратеничката Екатерина Захариева. Претходно Петков, се сретна со претставници на бугарската заедница во земјава.

Advertisements

„Сите заедници во Северна Македонија треба да имаат исти права. Јас ја слушнав изјавата на Димитар Ковачевски кога тој беше во Бугарија, дека дури и темата за уставот за која всушност толку многу се зборува е всушност тема којашто е сосема реална, не е нешто што не може да се постигне. Прашањето е како, кога, во какви чекори. Среќен сум што имаме многу добра комуникација и од двете страни на границата работиме за да имаме решение“, изјави Кирил Петков, Премиер на Бугарија

Тројцата други претставници на власта во Софија изјавија дека правата на Бугарите во Македонија се нивен највисок интерес. Потпретседателката Јотова дури рече дека прво Бугарите треба да добијат права, а потоа да дојде на дневен ред членството на Скопје во ЕУ.

Петков беше примен од претставници на Владата на Ковачевски.

Но, бугарскиот премиер и неговата делегација во Битола ги пречекаа и протести. На некои од паролите кои ги носеа пишуваше: Кога ќе признаеш дека во Бугарија има Македонци? Гробовите се полни со бугарско пријателство, Гоце е Македонија итн. За време на посетата делегацијата ја придружуваа и бројни полициски сили. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button