ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Бугарија свесена дека во Македонија нема политички консензус за дијалогот

Бугарија свесена дека во Македонија нема политички консензус за дијалогот

Бугарија во документ ќе ги напише обврските на сите домашни институции во однос на процесот на дијалог со С Македонија. Ова ќе биде меѓу првите задачи на бугарското МНР под раководство на новиот привремен министер Николај Милков.

Advertisements

Тој, пред медиумите, изјави дека е свесен оти во Скопје нема политички консензус во дијалогот со Софија, па рече дека целта им е државата да им биде партнер, а не политичките партии.

„Ќе треба да направиме писмен документ во кој ќе се дефинираат должностите на разните институции и организации во однос на тоа што треба да се прави во иднина во нашите односи со Северна Македонија, со цел да се постигне систематски пристап, јасно да се напишат обврските и одговорностите за да може да се очекуваат резултати. Се надевам дека ќе има процедури за консолидација и во Република Северна Македонија за тоа што можеме да направиме во позитивна смисла, бидејќи за жал и да имаме консензус за Северна Македонија, консензусот не е видлив таму“, рече Николај Милков, привремен министер за надворешни работи.

Заменичка на Милков во привремената влада во Софија останува Велислава Петрова, која беше на истата функција и во времето на министерката Теодора Генчовска. Милков изрази задоволство од работата на претходната бугарска влада на полето на дипломатијата.

Бугарија ќе оди на предвремени парламентарни избори на 2 октомври бидејќи политичката влада на премиерот Кирил Петков падна делумно и поради случувањата околу Македонија и кревањето на ветото. Привремената влада моментално ја предводи поранешниот министер за труд Галаб Донев./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button