ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарската „падни-стани“ Влада, ги отежнува преговорите со Скопје

Нестабилноста меѓу партнерите од владејачката коалиција во Бугарија би значела нестабилност во преговорите, а со тоа и на евроинтегративниот процес на Скопје. Извршниот директор на Центарот за европски стратегии, Димитар Николовски, вели дека владејачката коалиција на премиерот Кирил Петков во Софија се соочува со повеќе предизвици кои го отежнуваат процесот.

Advertisements

Ако пред војната во Украина имаше сериозни индиции дека Скопје и Софија се многу блиску до договор кој ќе кулминира со вклучување на Бугарите во нашиот Устав, денес се чини дека овој договор е пропаднат, вели Николовски. Тој додава дека и покрај позитивниот пристап на Петков, неговото влијание е ограничено.

Николовски не очекува притисокот на ЕУ врз властите во Бугарија за отворање на европските преговори за Скопје. Изминатите денови, бугарските владејачки коалициски партнери го критикуваа премиерот Петков дека тајно се согласил да го деблокира процесот за С. Македонија да започне преговори во јуни без никакви услови. Тие дури се заканија и дека ќе ја напуштат Владата. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button