ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, сака Европската народна партија да ја исфрли ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од ова „семејство“

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, сака Европската народна партија да ја исфрли ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од ова „семејство“

Бугарскиот европратеник од ГЕРБ, Андреј Ковачев, сака Европската народна партија да ја исфрли ВМРО-ДПМНЕ, која е дел од ова „семејство“ на партии од централно-десничарските во Европа. Ваквата реакција доаѓа по ставовите на вицепремиерот Александар Николовски, во однос на посетата на Давкова и неистакнувањето на македонското знаме. Ковачев смета дека ВМРО-ДПМНЕ на било кој начин покажува дека сака да се вклучи на партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан бидејќи, како што вели, се оддалечува од вредностите на ЕПП (ППЕ).

Advertisements

„Европската народна партија е информирана за политиката на ВМРО-ДПМНЕ кон Бугарија. Постојат опции за замрзнување на членството и отстранување на партијата од групата“, рече Андреј Ковачев, европратеник на Бугарија.

Тој вели дека серијата провокации од македонска страна во никој случај не се предизвикани од Бугарија, но и дека Бугарија не ги користи овие теми за предизборната кампања, како што обвинуваат македонските политичари.

Лидерот на екстремно десничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, најави дека до Собранието ќе достави предлог-изјава за осуда на, како што вели, повторното појавување на говорот на омраза од официјално Скопје.

Коментирајќи ги најавите за исфрлање на ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски рече дека ако беше 1 април тоа би било добра шега. Мицкоски рече дека Македонија се грижи за своите интереси.

Пред неколку дена, вицепремиерот Александар Николовски, коментирајќи го не поставувањето на македонското знаме при фотографирањето на Радев и Силјановска-Давкова, рече дека домаќинот не се однесува цивилизирано и како што рече тој, дека единствено помизерни од нив, се нашиве домашни слуги./Алсат.мк

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button