
Бугарскиот парламент го избра Росен Жељазков за премиер на Република Бугарија, јавија бугарските медиуми. Како што пренесе БГНЕС, „за“ гласале 125 пратеници, „против“ 114, а немало воздржани.
Пратениците ја поддржаа структурата на Советот на министри со истото мнозинство со кое го избраа Жељазков. И составот на владата доби 125 гласа „за“.
Жељазков и новите министри веднаш по изборот положија заклетва.
Жељазков доби поддршка од пратениците на ГЕРБ-СДС, Има таков народ (ИТН), БСП-Обединета левица и ДПС-Доган.
ПП-ДБ, Преродба, ДПС-Нов почеток и МЕЧ гласаа против.
„На Бугарија ѝ треба редовна влада“, изјави Росен Жељазков од собраниската говорница, презентирајќи ги политиките на неговата влада.