ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Бугарскиот премиер ќе бара во заклучоците од дводневниот самит на ЕУ да има и текст за С Македонија

Премиерот на службената влада на Бугарија, Димитар Главчев, ќе бара во заклучоците од дводневниот самит на лидерите на Европската Унија да биде вклучен и текст за Република Северна Македонија.

Најавата за ваквото барање на Софија е објавена утрово во соопштение на веб-страницата на бугарската влада.

Во него се наведува дека Главчев за време на дискусијата ќе бара од Европскиот совет да ги потврди заклучоците за Северна Македонија од декември лани и од 18 јули 2022 година и да ја повика земјава да ги преземе чекорите наведени во нив за напредок на патот кон европската интеграција.

„Бугарија ќе инсистира Европскиот совет при усвојувањето на заклучоците од состанокот да вклучи и текст за Република Северна Македонија.

Премиерот Димитар Главчев денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде за време на дискусијата на темата ќе побара од Европскиот совет да ги потврди заклучоците од 14 декември 2023 година, како и заклучоците на Советот за Северна Македонија и Албанија од 18 јули 2022 година и да ја повикаат Северна Македонија да ги преземе чекорите наведени таму за да постигне напредок на нејзиниот пат кон европската интеграција.

Според бугарскиот премиер, важно е да се истакне дека имплементацијата на сите заложби, како и напредокот на сите реформи поврзани со ЕУ, остануваат клучни“, пишува во соопштението на бугарската влада.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button