ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Бугарскиот премиер Петков, оптимист за резултати

„Јас сум оптимист и се надевам на резултати што поскоро“, рече бугарскиот премиер Кирил Петков, прашан за преговорите Скопје-Софија. Тој истакна дека во моментов се работи на формулации за можниот Договор, а преговорите наредниве недели би се интензивирале. Според бугарскиот премиер, добри вести пристигнуваат и од Мешовитата историска комисија.

Advertisements

„Сè уште не би навлегувал во конкретните детали, но бев информиран од Историската комисија дека особено за важни историски фигури имаат постигнато целосна согласност. Наскоро ќе ви ги соопштам целосните детали. Прогрес има по одредени историски теми, на многу конструктивен и реален начин, а тоа ќе помогне за забрзување на процесот на преговори“, изјави Кирил Петков – премиер на Бугарија.

Ко-претседателот на Мешовитата историска комисија Драги Ѓоргиев за Алсат вели дека последната средба на историчарите се случила кон крајот на февруари, а наредната е закажана за овој четврток во Скопје. Ѓоргиев беше воздржан да ги оцени резултатите како „прогрес“, но вели дека сега работата на Комисијата се одвива во далеку поконструктивна атмосфера.

Инаку Петков, одговарајќи на новинарски прашања, нагласи дека постојат одредени теми, како што се правата на Бугарите во земјава, за кои сè уште се дискутира, но од друга страна е задоволен што има резултати од новоформираните работни групи меѓу двете земји. Ваквиот став го дели и премиерот Димитар Ковачевски.

„Што се однесува до политичките прашања пак, министрите за надворешни работи на двете земји меѓусебно соработуваат. Тие се сега на ниво на размена на идеи и документи, но сè уште нема финален документ за кој е постигната согласност и штом ваков договор имаме, ќе го споделиме со релевантните институции“, нагласи Димитар Ковачевски – премиер.

Ковачевски е во посета на Софија по покана на Петков, кој на заедничка маса ги повика шефовите на Влади на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа, кои се заложија за засилена економска и воена соработка.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button