ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бугарските клубови причина за влошување на односите меѓу двете земји

Билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија се на дното, оценуваат дел од бугарските аналитичари. Според бугарскиот историчар Димитар Атанасов од двете страни постојат политички субјекти, партии и институции кои имаат интерес односите да бидат влошени. Според него, предводник на ваквата кампања во Бугарија е самиот претседател Румен Радев.

Advertisements

„Односите во последно време многу се влошија, особено со иницијативите за отворање на таканаречените културни клубови од двете земји. Всушност се покажа дека тие се објекти за провокација. Со жал ќе споделам дека Бугарија започна. Односно од бугарска страна дојде почетокот на оваа провокациска кампања. Македонија одговори, што исто така не е во ред“, рече Димитар Атанасов – бугарски историчар.

Според директорот на Евротинк, аналитичарот Димитар Николовски, односите меѓу двете земји ќе можат да се подобрат кога ќе им се остави простор на експертите и академската заедница, а не на државните власти.

„Да им се дава на помирливите гласови многу повеќе простор и време во медиумите, особено од другата страна, така што мислам дека треба да бидеме многу помалку обременети што зборува Џамбаски од страната на Бугарија и да не ја третираме Бугарија само низ призмата на тоа што го зборува Џамбаски“, додава Николовски.

Инаку откако и официјално заврши рокот за преименување на здруженијата со имињата на контроверзни личности поврзувани со нацизмот, се очекува до почетокот на март Министерството за правда да донесе конечна одлука за бришење од Централниот регистар. Ниту клубот во Битола, „Иван Михајлов“, ниту оној во Охрид, „Цар Борис III“, не пополниле пријави за промена на називите.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button