Бујар Османи: Одложувањето на почетокот на преговорите со ЕУ веќе не може да се трпи

Одложувањето на датумот за старт на преговорите со ЕУ веќе не може да се трпи, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според него, таквата ситуација не може да го толерира ниту државава, ниту регионот зашто Македонија ги надминала потребните критериуми за почеток на преговорите.
„Одложувањето на почетокот на преговорите повеќе не може да се трпи. Не може да се толерира ниту од регионот, не се толерира ни поради кредибилитетот на процесот на проширување, ниту од ЕУ. Со оглед на сите аргументи дека Северна Македонија ги исполни сите критериуми, па дури и ги надмина за да почне преговори, Северна Македонија мора да почне преговори со 35 проценти од европското законодавство што е дел од нашето државно законодавство“, рече министерот Османи.