ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бујар Османи оптимист за уставни измени догодина

Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави интензивирање на консултациите околу уставните измени за наредната недела. Одговарајќи на новинарско прашање, шефот на дипломатијата кажа дека процесот ќе започне во моментот кога ќе се создаде двотретинско мнозинство. Тој појасни дека токму за првото гласање од предвидените три согласно процедурата за уставни измени, односно за потреба за промена на Уставот, е неопходно мнозинство од 80 пратеници. Османи изрази увереност дека уставните измени за внес на Бугарите, Хрватите и Црногорците ќе бидат изгласани нареднава година.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button