МАКЕДОНИЈА

Бујар Османи претстави агенда за животната средина

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт предводен на ДУИ, Бујар Османи денеска ја презентираше изборната програма во сферата на животната средина. Тој наведе оти зелената агенда е главниот дел од неговата определба како претседател. За реализација на овој проект тој ќе предложи формирање на одбор кој ќе го сочинуваат локални и меѓународни експерти, а ќе бара и ветинг на сите проекти и закони ако имаат негативно влијание врз животната средина.

Advertisements

„Нашата земја е благословена со природни убавини, од мирните води на Охридското езеро до величествените врвови на Шар планина. Сепак, сè додека целиме кон развој треба да се грижиме овој напредок да не биде врз грбот на животната средина која нè одржува во живот. Како претседателски кандидат, јас сум посветен на зелената агенда која дава приоритет на здравјето на нашата земја и на благосостојбата на нашите граѓани. За реализација на оваа агенда предлагам формирање на одбор за валидизација, тело составено од локални и меѓународни експерти“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button