Бујар Османи тврди – ако падне Владата, ништо од преговорите со Бугарија

Владата најави интензивирање на преговорите со Бугарија по изборите во двете земји, но најавената оставка на премиерот Зоран Заев ја усложнува ситуацијата. Властите се надеваа на позитивен епилог две недели по изборите на 14-ти ноември во Бугарија, за земјава евентуално да може да добие датум од ЕУ за старт ан пристапните преговори на самитот во декември. Ако падне владата на Заев, ќе пропаднат сите надежи за датум за време на словенечкото претседателство, вели Бујар Османи.
„Никој не може да биде сигурен дека ќе има решение во декември, но оти нема да има решение ако се дестабилизира владата, без сигурна алтернатива, тоа е сигурно. Имаме прозорец на можности во декември. Сметаме дека има сигнали и предуслови дека тогаш можеме да најдеме решение за одржување на првата меѓувладина средба и треба да го искористиме овој момент.“
Иако падне Владата и продолжи да работи заедничката комисија за историја, потребни се политички договори меѓу земјите. Главното барање на партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов, која повторно е фаворит за формирање влада во Софија, беше вклучување на Бугарите во Уставот на С. Македонија. Но, за тоа се потребни 2/3 од гласовите во Собранието. Нашата Влада се надева барем на принципиелен договор што ќе го отвори европскиот пат на државава.
Во меѓувреме, денеска германскиот весник „Франкфуртер алгемајнге цајтунг“ пишува дека поразот на Заев е и пораз на ЕУ која не успеала да даде датум за земјата и по ризиците што ги презела таа.
Fatlume Dervishi