
Долниот дом на германскиот Бундестаг денес нема да одржи втор круг гласање за канцелар откако конзервативниот лидер Фридрих Мерц не успеа да го освои потребното мнозинство, објави весникот „Франкфуртер Алгемајне“.
Исто така, според информациите на „Билд“ од пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, денес нема да има втор круг гласање. Ова го потврдува и генералниот секретар на ЦДУ, Карстен Линеман.
Мерц претходно не успеа да го освои мнозинството потребно за да стане канцелар во првиот круг од гласањето во Бундестагот, што беше неочекуван пораз за неговата нова коалиција со централнолевичарските социјалдемократи.
Мерц (69), кој ја предводеше својата конзервативна ЦДУ/ЦСУ до победа на федералните избори во февруари и оттогаш обезбеди коалициски договор со централнолевичарската Социјалдемократска партија (СПД), освои само 310 гласови во Долниот дом на парламентот, изјави претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер.