ВЕСТИСВЕТ

Бундестагот нема да гласа за иницијативата за забрана на АфД поради недоволна поддршка

Бундестагот денеска нема да гласа за иницијативата за забрана на германската крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија (АфД), која го помина само првото читање, а потоа остана на разгледување во Комисијата за внатрешни работи.

Advertisements

Иницијативата во моментов ја поддржуваат 124 пратеници, што не е доволно за гласање, а по формирањето на новата влада во Берлин најдоцна до 25 март оваа иницијатива ќе стане неважечка, пишува Дојче веле.

Иницијативата за барање забрана на АфД се работеше со месеци во текот на изминатата година, при што пратениците од повеќе пратенички групи во Бундестагот неуспешно се обидоа да обезбедат мнозинство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button