Бункери има, ама не се функционални

Ова што го гледате е една од скирвниците што државата ги има на располагање, за сместување на граѓаните во случај на прогласување вонредна или воена состојба. Она што треба да се каже е дека состојбата на овој тунел, и на другите што ги посетивме е катастрофална, очигледно со години никој не се грижел да ги одржува. Треба да се напомене дека повеќето од овие засолништа се наоѓаат во центарот на градот, и останува нејасно каков е планот за евакуација на граѓаните што го има Дирекцијата за заштита и спасување, која е одговорна за одржување на овие тунели, изјави новинарка на Алсат, Еви Шкопи.
Од 2005 година, околу 100 засолништа на територијата на Македонија се предадени на управување на Дирекцијата за заштита и спасување. Но, од оваа институција не добивме одговор кои засолништа се во нивна надлежност, дали некои од нив се одржуваат и каков бил планот за евакуација на жителите од нивните домови во засолништата.
Во Скопје има предупредувачки сирени, но голема е веројатноста доколку се случи нешто опасно во градот, да не се вклучат, бидејќи не работат. Поставени се пред 1980 година, на локации каде што беше предвидено да се опфатат сите населени места. Сирените не се користени од 1990-тите пред распадот на Југославија.
Беше тешко. Ја доживеав Втората светска војна. Тоа беше за да се подготвиме, да се браниме. Треба да се повтори, бидејќи не знае. Треба да работиме со младите што е можно повеќе. Тунелите, и за Албанија им дадов забелешки. За сите тие места се дадени милиони, трошоци, а сег ги уништуваат целосно, граѓанин
Дали сте информирани како треба да реагирате во вакви случаи?
Не живееме овде, студираме во странство, но и таму не нè информирале.
– Значи Господ да не даде нешто да се случи, не знаеш што да правиш?
– Да бегаме! Ќе бегаме“.
-Граѓаните мора да бидат предупредени, мора да се одржуваат. Се сеќавам, ги пуштавме, ги пробавме. Сега го имаме близу куќата, но ниту е тестирано ниту проверено, Граѓанин
Има три предупредувачки сирени за опасност и една која соопштува дека опасноста е надмината. На територијата на нашата земја се поставени до 200 сирени, додека според институциите само околу 80 отсто од нив се функционални. Конечната уредба за алармни знаци, начин и процедури за алармирање и процедури за население е донесена на 20.11. 2018 година на владина седница. /Алсат.мк
Еви Шкопи