СВЕТ
Бурбок: Европската одбранбена унија не е прашање на „ако“, туку „колку брзо“

Шефот на германската дипломатија Аналена Баербок денеска изјави дека Европската одбранбена унија повеќе не е прашање „ако“ туку „колку брзо“ таа ќе биде формирана.
Бурбок на конференцијата „Европа 2025“ за европскиот суверенитет рече дека европската одбранбена индустрија сè уште има национален карактер и затоа е „многу неефикасна“.
„Ако продолжиме да користиме 150 различни системи на оружје во Европа кои не се компатибилни еден со друг, можеме да ги потрошиме сите пари во светот – нема да бидеме доволно ефикасни, затоа верувам дека Европската одбранбена унија не е прашање дали, туку колку брзо ќе го постигнеме тоа“, рече таа, според Ројтерс.