ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бурна расправа во комисијата за политички систем

Новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители денеска се најде пред пратениците.
Но, дебатата не почна зашто опозицијата ја блокираше говорницата. Тие бараат законот за Академија за судии и јавни обвинители да не се носи со европско знаменце, бидјеќи овој закон не се носел по скратена постапка.

Advertisements

„Денеска преминуваме по првата точка од дневниот ред. Ја отворам првата точка на дневен ред – Предлог на Закон за Академија за судии и јавни обвинители, прво читање“, рече Соња Мираковска, пратеничка од НСДП.

„Почитувана колешке, процедуралното има право, пред било што друго“, реагираше Дајанчо Ефтимов, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ.

„Да се кажат процедурални забелешки… Соња не си од вчера!“, додаде Благица Ласовска, пратеничка на ВМРО – ДПМНЕ.

„Не можете да влезете со Закон со европско знаме на Комисија за европски прашања, во меѓувреме, пак во скратена постапка да продолжите на Комисија за политички систем“, рече Гордана Силјановска Давкова, пратеничка на ВМРО – ДПМНЕ.

Расправата меѓу пратениците од власта и од опозицијата продолжи и во попладневиот дел од седницата. Новиот закон за академија за судии и јавни обвинители според власта произлегува од стратегијата за реформи на првосудудниот систем и предвидува редефинирање на полагањето на примениот и зваршниот испит и зголемен број на обуки за судиите.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button