
Реал Мадрид престојното лето може да добие тренерска смена. Клубот се очекува да го превземе младиот стратег Чаби Алонсо, но тоа нема да значи заминување на Карло Анчелоти, откриваат шпанските медиуми.
Анчелоти го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2026 година, но во истиот стои посебна клаузула која му овозможува да остане во клубот со друга улога, а не само како тренер. Раководството на Реал Мадрид го смета Анчелоти за „човек на клубот“ кој може да биде корисен на повеќе полиња.
Италијанскиот стратег е свесен за преговорите помеѓу Реал Мадрид и Чаби Алонсо и самиот е подготвен да го отстапи тренерското место на Шпанецот и да остане во клубот со нова улога.
Анчелоти важи за апсолутна легенда на Реал Мадрид со вкупно 15 освоени трофеи во два мандати на „Сантијаго Бернабеу“.