Чадот од запалениот отпад во Визбегово и денес ги труе скопјани

Она што остана по пожарот на овој отпад беше стресот и опасноста за околните жители и станбените куќи, повредентеи пожарникари, загадениот воздух од горење делови од автомобили, вклучувајќи батерии, гуми и многу други предмети штетни за здравјето на луѓето. Чадот и денес продолжува да го загадува воздухот во Скопје.
Еден ден по еколошката катастрофа, на депонијата за отпад на стари автомобили што изгоре вчера помеѓу Визбегово и општина Шуто Оризари, како што може да се види во позадина, пожарот е сè уште активен додека противпожарните екипи продолжуваат да бидат на терен за целосно гаснење на овој пожар.
Покрај пожарникарите од Противпожарната бригада на градот Скопјe, во гаснењето на пожарот на територијата на Скопјe беа вклучени и доброволни пожарникари од Здружението на доброволци „Чаир“. Претседателот на ова здружение, Артан Демири, заедно со тројца негови колеги доброволци, беа повредени и им беше укажана лекарска помош.
„Вчера имавме многу тежок ден, јас бев повреден, а уште тројца колеги побараа медицинска помош. Вчера беше плафонот како што вели народот, уште од утрото почнавме во Визбегово, помеѓу Шуто Оризари, каде што пожарот беше од големи размери, а од 14:30-15:00 часот, отидовме во Стенковец, пред бензинската пумпа имаше поголем пожар, имаше пожар на поле, но имаше и станбени куќи и до 3:00 часот наутро бевме присутни таму“, рече Демири.
Според Демири, ресурсите со кои функционираат како здружение не се доволни, иако имаат околу 280 активни членови. Тој вели дека доколку имале повеќе ресурси, можеле да ангажираат уште повеќе волонтери во ова тешко време на пожари во земјата.
“Иако сме доброволно здружение на пожарникари „Бајрам Мифтари“ од Чаир, претходно имавме многу членови, близу 280.. Имаме ресурси што ги имаме, но никогаш не се доволни, нешто секогаш недостасува, недостасуваат затоа што во секое искуство, секој пожар, униформите, работните алатки, лопатите, камиони, сите се уништуваат“, вели Демири.
Во врска со пожарот во отпадот помеѓу Визбегово и Шуто Оризари, обвинителството вели дека истражува за да ги утврди причините за пожарот. Денес во земјата сè уште има активни пожари.
Авни Тахири