КОШАРКАСПОРТ

“Чаир 2030” го декласира ФМП и застана на врвот на Суперлигата

Кошаркарите на Чаир 2030 ја декласираа ФМП Академија, броејки до сто поени со резултат 74-107. Пресметката во Кисела Вода не понуди голема драма, бидејќи гостинската екипа се наметна рано и на крајот убедливо славеше.

Advertisements

Чаирчани отворија одлично, поведоа рано со 14-2 и најавија дека одат на победата. ФМП немаше одговор на добрата игра, па уште во првиот период гостинот поведе со 22 поени разлика (10-32). До полувремето Чаир продолжи да го полни кошот на домашните, поведе и со 31 поен разлика, но до одморот ФМП Академија малку се консолидира и на пауза се замина со 30-53.

Во вториот дел по подолго време домаќините намалија на помала разлика од 20 поени. Предноста варираше, а драстично се зголеми пред крајот на натпреварот кога Чаир одново дојде на +30 (72-102), за на крајот убедливо да слави.

Тајри Корбет со „дабл-дабл“ од 24 поени и 11 скока го водеше тимот до триумфот, a му помогна Крстајиќ со 22. Кај ФМП одлична партија имаа Петровски со 21, Огундиран со 20 и Брукс со 19 поени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button