Чаир ќе добие базен за учениците од општината

„Започнаа работите за изградбата на првиот базен во Чаир, проект кој со години беше само на хартија“.
Базенот е наменет за учениците од училиштата во општина Чаир, и се очекува да биде готов за ноемвриските празници. Ќе биде од затворен тип и ќе работи за време на сите сезони од годината. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, најави задолжителни часови по пливање во основните училишта. Тој се согласува дека изградбата на базенот доцни, но вети дека отсега ќе се работи интензивно за овој и други прокети во општината да бидат завршени.
„Овој базен ќе биде 620 квадратни метри, ќе биде базен со сите стандарди за пливање…Ќе ги направиме часовите по пливање задолжителни во основните училишта…. Вредноста е приближно 600 илјади евра …иако компанијата има договор да го заврши овој проект за година и пол, добивме усмени гаранции дека за ноемвриските празници во нашата општина ќе можеме свечено да го отвориме објектот, рече Ганиу.
Граѓаните веруваат дека овој пат Чаир конечно ќе го има првиот базен.
„По многу години, општина Чаир прави многу важен и многу потребен објект за децата, за внуките, за внуците и за сите“.
“Верувам дека сега ќе има пари, ќе има приходи и ќе се оствари. Во мандатот што го има, до крајот на неговиот мандат, верувам дека ќе биде извршен.“
“Ова е многу добра работа, бидејќи секое дете кое ќе биде запишано на училиште ќе може да научи да плива, ќе се развива со пливање.Мислам дека ќе се реализира”, велат граѓаните.
„Ако се изгради базен во блиска иднина, наставниците по физичко воспитување исто така ќе имаат можност да ги научат децата да пливаат. Претходно одевме и на други базени, но нашата општина требаше да има базен од ваков тип, и верувам дека тоа ќе биде добро за граѓаните, наставниците и учениците”, вели Седат Бафтиу, професор по физичко образование.
Изградбата на базенот беше ветувања на локалната и централната власт со години.
Ајнур Бафќари