ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Чаир, проблематичниот булевар ќе се проширува до 40 метри

Проблематичниот булевар Цветан Димов кој поминува среде Чаир ќе се проширува дури до 40 метри. Но, сопствениците на имоти се жалат дека никој не дошол кај нив за да разговара за експропријација на земјиштата. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, вели дека прво треба да се изврши евалуација.

Advertisements

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, не открива како точно ќе изгледа проширувањето на проблематичниот булевар „Цветан Димов“, но најавува дека многу скоро ќе почнат градежните работи на терен. Според Ганиу, идејниот проект поминал заедно со огласот за тендер, односно избор на компанија која ќе ги оценува објектите што треба да се дислоцираат. Според Ганиу, пред да се донесе новиот закон за територијална организација, дел од објектите биле од времен карактер, а подоцна со Законот за легализација успеале да се легализираат.

„Законот им овозможил, а не ние, но секогаш ги известувале дека со генералниот план таму ќе се проширува патот и сите што се таму знаеле дека еден ден ќе мора да се тргнат. Доброто од сето ова е што сите ќе бидат обештетени. Законот за легализација им овозможи да станат вистински сопственици на тие објекти и денес доколку се во рамките на она што го фаќа проширувањето на патот, убедени се дека ќе добијат обештетување за тие објекти“, рече Висар Ганиу, градоначалник на Чаир.

Предвидено е булеварот да биде широк до 40 метри заедно со зелениот дел и велосипедската патека.

„Патот ќе се прошири за една коловозна лента, ќе има зеленило на средина. Ќе има велосипедски патеки и се разбира тротоари. Ќе биде улица со стандарден булеварски епитет. Општина Чаир отсекогаш правела врева околу оваа улица, бидејќи е повеќе од неопходна за нашите граѓани. Мислам дека сме на добар пат, убеден сум дека во овој мандат овој проект ќе се финализира“, рече Висар Ганиу, градоначалник на Чаир.

И градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ден претходно изјави дека скопјани наскоро ќе бидат позитивно изненадени. Најави дека наскоро заедно со градоначалникот на Чаир, ќе го претстават проектот за булеварот.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button