МАКЕДОНИЈА

Чаир се збратимува со сараевската Општина Стари Град

Скопската Општина Чаир и сараевската Општина Стари Град од Босна и Херцеговина, од денеска почнаа процедура за продлабочување на соработката, со што, како што велат од чаирската локална самоуправа, се отвора патот за збратимување на овие две општини.

Advertisements

– Стари Град е најстарата општина во Босна и Херцеговина и историски најважна, но она што ја прави уште поважна е Баш чаршијата, најстариот пазар во градот и кој е од ист тип со нашата Стара чаршија. Со актите за соработка се отвора патот, меѓу другото, за развивање на заеднички проекти за зачувување, развој и култивирање на овие два историски вредности – нашата Стара чаршија и Баш чаршијата во Сараево, велат од општина Чаир.

Оттаму информираат дека почетокот на процедурите за соработка беше проследен со состанок кој се одржа во Општина Стари Град меѓу нејзиниот градоначалник Ибрахим Хаџибајриќ и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, амбасадорот на Северна Македонија во Босна и Херцеговина, Екрем Ебиби, како и членот на централното претседателство на ДУИ и поранешен претседател на Лигата на Бошњаците и пратеник во два мандата, Рафет Муминовиќ.

– Во исто време им се заблагодарив на домаќините за приемот и изразив големо задоволство за воспоставувањето на соработка меѓу двете општини на пријателски земји. Потсетив дека градењето партнерства овозможува брз трансфер на знаење и искуства и дека сакаме да развиеме пријателства и добрососедски односи со Босна и Херцеговина, нејзиниот главен град и нејзината најстара општина, изјави градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button