СПОРТФУДБАЛ

Чакир става крај на судиската кариера

Чакир става крај на судиската кариера

Легендарниот фудбалски судија Џунејт Чакир планира да стави крај на кариерата. Ова го соопшти претседателот на Турската фудбалска федерација, Мехмет Бујукеши, за локалните медиуми.

45-годишниот Чакир доби понуди да суди во странство, но е решен да заврши кариерата во својата татковина.

Тој планира во иднина да се фокусира на обука на млади судии, а веќе работи како предавач на семинари. Турската федерација ги цени неговите заслуги и ќе се обиде да му обезбеди проштален натпревар за паметење.

Чакир кариерата ја започна во 1997 година во третата турска лига. Во 2003 година стана судија во европските натпреварувања, а три години подоцна го доби знакот на ФИФА. Беше учесник и на две светски првенства.

Чакир последен пат судеше на натпреварот меѓу Лудогорец и Динамо Загреб во третото прелиминарно коло од Лигата на шампионите на 2 август.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button