ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Чартер лет од Македонија дури утре ќе замине за Израел

Шест дена по почетокот на воените дејствија во Израел, македонските власти дури за утре организираат специјален лет за евакуација на нашите државјани. Според информациите што ги сподели шефот на дипломатијата Бујар Османи, 60 државјани на Македонија веќе го напуштиле Израел, а преостанатите 90 се очекува да заминат утре.

Advertisements

Единствено неизвесна е евакуацијата на брачен пар македонски државјани кои се наоѓаат во критично подрачје во појасот Газа, блиску до Египет. Тие сакале да заминат и ги котактирале нашите дипломати, но пред да заминат египетските власти го зтавориле граничниот премин. Од МНР велат дека сега се во комуникација со властите во Каиро.

Досегашните трансфери беа реализирани со авионите на соседните земји, бидејќи немаме национален авио превозник. Османи не кажа зошто дури сега се одлучиле да испратат чартер лет.

„Единствена предност би имало ако имавме владин авион, посоодветен, да можевме да ги евакуираме уште порано, меѓутоа тоа е ситуација којашто ќе треба да се размисли во иднина за вакви случаи“, рече Бујар Османи – министер за надворешни работи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини власта за, како што вели, епската неспособност да ги врати државјаните на Македонија.

„Цивили тој ден буквално страдаа по налетот на овие терористи, а околните држави си се снајдоа, си испратија чартер летови и државјани на Црна Гора, Србија, на Хрватска и Босна и Херцеговина се веќе тука, а за жал за нашите сограѓани нема кој да води сметка да ги донесе“, рече Мицкоски.

Дел од државјаниите на Македонија се вратија со специјалните летови на Владите на Албанија и на Црна Гора, а други со комерцијални летови.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button