СПОРТФОРМУЛА - 1

Часовниците на поранешниот шампион се продадени за 4 милиони швајцарски франци

Часовниците на поранешниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер се продадени за 4 милиони швајцарски франци на аукцијата на куќата Кристи во Женева.

Advertisements

Продадени се вкупно осум часовници од познати марки, а на продажба се ставени од семејството на Михаел кој не е виден во јавност од декември 2013 година кога имаше тешка несреќа на скијање во Франција.

Најскапо, 1,5 милиони франци, е продаден часовникот кој Шумахер го добил како божиќен подарок од шефот на Ферари, Жан Тод, друг е продаден за 415 илјади, трет за 250 илјади франци итн.

“Колекционерите беа многу среќни што ги открија овие часовници полни со историја“, изјави шефот на одделот за часовници на куќата Кристи.

Иако не е официјално потврдено, медиумите низ Европа тврдат дека часовниците се продадени за да се продолжи лекувањето на Михаел Шумахер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button