СПОРТФУДБАЛ

Чави: Мојата иднина е јасна, мојот одговор нема да се промени

Барселона се пласира во четвртфинале на Лигата на шампиони (ЛШ), а новинарите по мечот против Наполи ги интересираше дали постои шанса тренерот Чави Ернандез да се премисли.

Чави повтори дека останува на неговата одлука, односно ќе замине од каталонскиот гигант на крајот на сезоната.

„Постојано ме прашувате дали ќе останам ако ја освоиме Лигата на Шампиони. Не, нема да останам во Барселона. Мојата иднина е јасна, мојот одговор нема да се промени. Ќе заминам од тимот на крајот на сезоната“, кажа Чави.

Веќе неколку тренерски имиња се споменуваат како наследници на Чави, а најсериозни кандидати за кормилото се Ханси Флик, Јулијан Нагелсман и Томас Тухел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button