Чекаловиќ: Силувачите шетаат слободно, жените се затворени во шелтер центри
Чекаловиќ: Силувачите шетаат слободно, жените се затворени во шелтер центри

Жртвите често остануваат намат каде да се сместат, бидејќи капацитетот на шелтер центрите не е многу голем, но благодарение на Женскиот интервентен фонд, на овие жени им се дава шанса за ресоцијализација, нагласи Моника Чекаловиќ, вечерва во Програмата 200, во Алсат М.
„За жал, немаме системско решение, поточно капацитетите во шелтер центрите што постојат, кога овие капацитети се полни, жртвите често немаат каде да се сместат и тоа претставува голем проблем. Во Тетово, во центарот каде работиме, благодарение на Женскиот интервентен фонд, овие жени имаат можност да се сместени, односно да им се исплати киријата на станот и тековните трошоци до нивната финансиска стабилност. Во меѓувреме треба да се работи на нивната економска стабилност, кариерно усовршување заради тоа што некои жени едноставно немаат соодветно образование и не се конкурентни на пазарот на труд. За среќа, благодарение на Женскиот интервентен фонд, досега 9 жени успеавме да сместиме за род од една година и продолжуваме да работиме на нивна ресоцијализација“, изјави Моника Чекаловиќ, социјален работник, специјалист за семејно советување.
Таа додаде едно многу важно прашање со тоа што која е целта на жените кои се жртви на семејно и родово насилство, да бидат сместувани и затварени во “shelter” центрите додека насилниците шетаат и се движат слободно. Зошто е ограничено правото на движење за жените жртви, зошто не е ограничено правото на движење на сторителите./Алсат.мк