СПОРТФУДБАЛ

Челси е заинтересиран за Кварацкелија, Наполи бара 100 милиони евра

Челси е заинтересиран за крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацкелија. Репрезентативецот на Грузија важи за еден од најдобрите играчи на својата позиција во Европа и на „Стемфорд Бриџ“ имаат голема желба да го ангажираат, пренесува „ЕСПН“.

Advertisements

Наводно, Челси е подготвен да направи силен потег за Кварацкелија и да испрати сериозна понуда за неговите права. Намерата на Наполи е да ја задржи својата ѕвезда и да стави цена од 100 милиони евра за него. 22-годишниот Кварацкелија беше едно од големите откритија на Наполи минатата сезона.

Грузиецот дојде на стадионот „Диего Марадона“ од Динамо Батуми за скромна сума од 13,5 милиони евра, но стана клучен играч на патот кон освојување на Скудетото. Досега за „наполитанците“ има 58 натпревари, 17 гола и 22 асистенции.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button