
Играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц би можел да ја продолжи кариерата во Англија, пишуваат медиумите на Островот.
Челси сака да го има 20-годишниот Германец во своите редови веќе во зимскиот преоден рок. Сепак, за одличниот играч е заинтересиран и Манчестер Сити.
Оваа сезона Вирц одигра 13 натпревари на кои постигна пет гола и забележа осум асистенции. Тој е стандарден германски репрезентативец.