
Според англиските медиуми, Челси е подготвен да потроши околу 200 милиони фунти на нови играчи, а Мареска побарал засилување на четири позиции – голман, централен дефанзивец, лев бек и централен напаѓач.
Најскап дефинитивно ќе биде голгетерот, ако се знае дека на врвот на листата со желби е Виктор Осимен од Наполи, за чии услуги ќе треба да се активира клаузулата од 120 милиони фунти. За нов голман се преговара со Барнли за поранешниот младински репрезентативец на Англија, Џејмс Трафорд. Овој клуб лани плати 18 милиони фунти за да го откупи Трафорд од Манчестер Сити, но по испаѓањето од Премиер-лигата најверојатно ќе го продаде скапото засилување.
Пензионирањето на Тијаго Силва остава дупка во срцето на одбраната, прва желба е Тосин Адарабиојо, кому веќе му е испратена и понуда бидејќи би можел да дојде како слободен играч по истекот на договорот со Фулам.
Секако, ќе мора да се продадат и дел од фудбалерите на кои Мареска нема да смета, се со цел да се намалат загубите. Коно Галагер влегува во последниот 12 месеци од договорот и ќе биде продаден ако пристигне понуда од над 50 милиони фунти, а се чекува од „Стемфорд бриџ“ даси заминат и левиот бек Јан Матсен, кој моментно е на позајмица во Борусијa Дортмунд, потоа дефанзивецот Шалоба и напаѓачот Броја.