СПОРТФУДБАЛ

Челзи или Флуминенсе, кој ќе биде првиот финалист – дознаваме вечерва

По дводневна пауза продолжуваат возбудувањата на првото Светско клупско фудбалско првенство. Четири екипи останаа кои ќе се борат за шампионскиот трофеј.

Advertisements

На стадионот „Мeтајф “ стадионот во Њу Џерси, ќе се играат завршните натпревар, по кои треба да го добиеме светскиот клупски првак.

А, првиот тим што ќе има можност да се бори за титулата ќе го дознаеме вечерва. Во првиот натпревар од полуфиналето ќе играат англискиот Челзи и бразилскиот тим Флуминенсе.

Двата тима имаа долг пат пред себе, а сега се на еден чекор од големото финале.

Челзи со половичен ефект против бразилските екипи

Челзи го потврди својот статус како еден од претендентите за титулата, додека Флуминензе, од друга страна, мораше да биде елиминиран од Интер Милан на патот до полуфиналето.

Флуминенсе е третиот бразилски тим со кој Челзи ќе се соочи на ова Светско клупско првенство. Сините од Лондон досега имаа половичен ефект. Загубија со 3-1 од Фламенго во групната фаза, а со 21- славеа против Палмеирас во четвртфиналето.

Како ќе биде вечерва останува да видиме по дуелот што ќе почне од 21 часот.

Второто полуфинале на програмата е утре во истиот терми. Во него ќе се сретнат европскиот првак, францускиот ПСЖ и мадридски Реал.

Извор: sportplus.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button