СПОРТФУДБАЛ

Челзи ја намали листата на две имиња – кој ќе го замени Потер?

Челзи ја намали листата на две имиња – кој ќе го замени Потер?

Челзи од следната сезона ќе го предводат или Луис Енрике или Јулијан Нагелсман, објавија реномирани британски медиуми.

Сопственикот на Челзи, Тед Боли дефинитивно одлучил или Шпанецот или Германецот да го преземат тимот на крајот од сезоната, кога истекува привремениот договор со Френк Лампард.

Нагелсман добил официјална покана од Боли да дојде во Лондон на средба, со цел да го претстави проектот за следната сезона, пред да биде донесена конечната одлука.

Сопственикот на Челзи пред десетина дена се сретнал и со Луис Енрике. /Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button