СВЕТ

Чешка: Да се запрат мигрантите и да се вратат во нивните земји!

Мигрантите коишто влегуваат во ЕУ треба да бидат запрени и вратени во нивните матични земји, вели чешкиот премиер Андреј Бабиш, во Брисел, пред почетокот на преговорите околу новиот миграциски план на Унијата.

Advertisements

Средбата на шефовите на влади на ЕУ, на која требаше да се разговара за новиот план за миграција, за состојбата во Белорусија и за вирусот корона, одложена е за четврток следната недела, бидејќи претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, кој претседава со такви собири, е во карантин, објави Ројтерс.

„Треба да го смениме системот на грантови и системот на квоти, тоа е неприфатливо за нас. Затоа треба да продолжиме да преговараме … стратегијата треба да изгледа вака – луѓето што доаѓаат од овие земји треба да бидат запрени и вратени во нивните земји, каде ќе им се помогне“, рече Бабиш за време на прес-конференција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button