СВЕТ
Чешка со нови рестрикции: Онлајн-настава за основците и затворање на баровите и рестораните

Чешката влада донесе одлука од утре да ги затвори баровите и рестораните и да забрани алкохол на јавни места по рекордниот пораст на нови случаи со ковид-19.
Мерките вчера ги соопшти премиерот Андреј Бабиш и тие ќе траат до 3 ноември.
Исто така, ќе се затворат и основните училишта кои ќе почнат да одржуваат онлајн-настава, нешто што веќе го прават средните школи и универзитетите.
„Треба да преземеме мерки што ќе го променат трендот на новозаразени во рок од две или три недели. Во спротивно, ќе останеме без болнички капацитети“, изјавил министерот за здравство Роман Прајмула, пренесува „Франс24“.