ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Честитка од Трајковска по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам

Честитка од Трајковска по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), Оливера Трајковска до Поглаварот на Исламска Верска Заедница во Република Македонија почитуваниот Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаху упати телеграма со честитки по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Advertisements

-Дозволете ми, во мое лично име и во име на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан Бајрам. Курбан Бајрам е празник кој нè потсетува на вистинските вредности – пожртвуваност, солидарност, хуманост и грижа за ближниот. Тоа се доблести кои не само што го облагородуваат поединецот, туку го зацврстуваат соживотот и меѓусебното почитување меѓу различните верски заедници во нашата заедничка татковина. Нека празничните денови донесат мир, духовна исполнетост и разбирање меѓу луѓето. Нека Курбан Бајрам биде потсетник за значењето на верата, семејството и добрината во нашето секојдневие, пишува таа во честитката.

Со уверување дека ќе продолжиме да соработуваме во духот на меѓусебно почитување и соживот, додава таа, посакува здравје, благосостојба и Божји благослов за Реисот и за сите верници од исламска вероисповед.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button