СПОРТФУДБАЛ

Четири гола и три црвени картони, но натпреварот заврши без победник

Бока Јуниорс и Бенфика одиграа неверојатно интересен натпревар на Светското клупско првенство во САД во 1. коло од Ц сегментот.

Advertisements

Натпреварот донесе четири гола и три црвени картони, но заврши без победник 2-2. Аргентинскиот великан имаше водство од 2-0 со головите на Мигел Мерентиел во 21. минута и Батаља во 27. минута. Во судиското надополнување во првото полувреме Ди Марија намали на 2-1 од пенал, додека конечните 2-2 ги постави Отаменди во 84. минута. Кај Бока Јуниорс поцвренеа Херера и Фигал, додека кај Бенфика Белоти.

Во вториот натпревар Фламенго славеше над Еспаранса Тунис со 2-0. Стрелци за Бразилците беа Де Араскета и Луис Араухо.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button