ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Четири интервенции на кумановските пожарникари во Куманово и Липково

Четири интервенции на кумановските пожарникари во Куманово и Липково

Кумановските пожарникари интервенирале на четири пожари во општините Куманово и Липково, информираа денеска од Регионалниот Центар за управување со кризи.

Advertisements

Сува трева и стрниште гореле во липковското село Ваксинце, пожарникарите интервенирале два часа од 19:30 до 21:20 часот. Претходно гаселе пожар, исто така во липковско на потегот  од село Отља кон село Матејче.

Во текот на денот, пожарникарите гаселе пожар на улицата „Доне Божинов“ во Куманово и во населбата „Перо Чичо“ во близина на репетитори на сува трева во претпладневните часови. На сите пожари дејствувала по една екипа со по едно противпожарно возило.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button