МАКЕДОНИЈА
Четири лица од струшко приведени за семејно насилство

Во само еден ден полицијата во Струга лиши од слобода четири лица за два случаи на семејно насилство во струшко. Жртвите многу ретко бараат помош во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Струга.
СВР Охрид соопшти дека вчера околу 9 часот полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода П.Д.(49) од струшкото село Ложани кој, претходно во семејниот дом, агресивно се однесувал кон неговата сопруга и кон други членови на семејството. Истиот ден, според соопштението, од слобода биле лишени и А.Ш.(52), Ф.Ш.(43) и С.Ш.(20), сите од струшко село, кои физички нападнале 18 – годишна членка на семејството.
По целосно документирање на двата случаи полицијата ќе поднесе соодветни пријави против сторителите.