ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Четири лица приведени во акцијата за даночно затајување

Четири лица приведени во акцијата за даночно затајување

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека се приведени четири лица во рамки на вчерашната акција за даночно затајување, даночна измама и перење пари. Првиот човек на МВР рече дека се работи за кривично дело од епски размери.

Advertisements

Запрашан дали се работи за фирми поврзани со поранешни високи државни функционери, министерот не даде детали, нагласувајќи дека ја почитува презумпцијата на невиност.

Во текот на вчерашниот ден, по наредба на судија на претходна постапка, извршени се рации во Скопје, Струмица и Гостивар каде, според полицијата и обвинителството, прибавена е обемна документација. Во акцијата, покрај Обвинителството и МВР, учествуваа и членови на Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии.

За случајот зборуваше и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која рече дека и самата таа учествувала во акцијата во Струмица иако не е пракса министер да учествува во акции што ги спроведуваат стручните служби на институциите .

Од Обвинителството  рекоа дека се работи за предистрага и дека во оваа фаза не можат да споделат повеќе детали со јавноста./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button