
Четири лица загинаа, а тројца се повредени во лавина во планинскиот регион Оверњ во централна Франција, објави денеска Гардијан.
Лавината се случила во неделата на надморска височина од 1.600 метри над селото Мон Дор, а меѓу загинатите има и членови на локалниот скијачки клуб, кои се движеле надвор од обележаната патека.
Тројца повредени скијачи се пронајдени по голема потрага во која биле мобилизирани 50 лица.