ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Четири предлог закони за реформи во јавната администрација

Четири предлог закони за реформи во јавната администрација

Четири предлог закони за реформи во јавната администрација ќе се најдат во Електронскиот национален регистар на прописи на Република Македонија на јавна расправа во следните 30 дена. Станува збор за Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници и Законот за инспекциски надзор. Министерот за администрација Горан Минчев истакна некои од најважните аспекти на овие нови закони.

Advertisements

Минчев рече и дека фокусот е ставен на обука и постојано усовршување на вработените во администрацијата преку Академијата за администрација која ќе се формира за оваа намена. Меѓу другото, тој вели дека ќе се предвиди и намалување на некои позиции на функционери, почнувајќи од укинувањето на Инспекцискиот совет. Агенцијата за администрација ќе премине во надлежност на Министерството. Новите закони предвидуваат и усогласување на платите со општиот колективен договор, што значи зголемување на платите во јавната администрација за 8 отсто од март следната година.

Минчев потврди дека актуелната влада не предвидува план за трансфер на вработените од јавниот во приватниот сектор. Минчев не кажа со сигурност дали ќе се намали администрацијата.

Според планираното, законите ќе поминат во влада на крајот на јануари, а во процедура ќе влезат во Собранието во февруари./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button