
Струга Трим Љум, ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната. Тимот на Шпетим Дуро тренира во Струга, а потоа е предвидено патување во турската Анталија, каде се предвидени четири силни контролни натпревари.
Први противници на стружани ќе бидат Оренбург од Русија и Арка Гдиња од Полска, а потоа ќе следуваат дуелите со Черноморец Одеса и ЛКС Лоѓ од Полска. Серијата подготвителни натпревари ќе заврши на 10 февруари со меч против Тиквеш. Сите мечеви во Анталија ќе се одиграат во периодот меѓу 20 јануари и 2 февруари.
Стручниот штаб истовремено интензивно работи на физичката и менталната подготовка на играчите, а Струга сѐ уште важи за фаворит број еден за одбрана на шампионскиот трофеј во домашниот фудбал.