СПОРТ

„Четири скокалници“ без легендарниот Камил Штох од Полска

Полјакот Камил Штох, кој трипати победил на престижната новогодишна турнеја „Четири скокалници“, нема да учествува на годинашното издание на овој традиционален зимски спектакл.

Advertisements

Без разлика што имаше покана за турнејата благодарение на 57-те освоени бодови, со кои моменталното е на 28. место во генералниот пласман на Светскиот куп, тој самиот одлучи дека не е подготвен за натпреварување.

Селекторот на полската репрезентација ја состави екипата без него. Штох е еден од само шесте натпреварувачи во историјата кои ја освоиле турнејата најмалку три пати. Во сезоната 2017/18, тој направи подвиг освојувајќи ги сите четири натпревари – Оберстдорф, Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен – достигнување што претходно го оствариле само Свен Ханавалд и Рјоју Кобајаши.

Полјакот со 39 победи и 80 подиуми во својата кариера дефинитивно е една од легендите на скијачките скокови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button