
Маж кој се обидел да ограби куќа во областа Хјустон, во американската сојузна држава Хјустон, e убиен од тинејџер (14), пренесува FOX26.
Пукањето се случило на улицата Браунсвил непосредно пред 7 часот по локално време, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Харис.
Шерифот Ед Гонзалес рече дека мажот тропнал на вратата и веројатно се обидел да упадне во домот, каде што бил застрелан, додавајќи дека момчето пукало од внатрешноста на домот.
Од полицијата откриваат дека момчето испукало пет до шест куршуми кон телото на провалникот, кој починал на самото место. За време на инцидентот, родителите на детето биле отидени да ги остават неговите браќа и сестри на училиште.
Канцеларијата на шерифот на округот Харис сè уште се обидува да утврди дали наводниот натрапник навистина се обидувал да упадне во куќата.
„Сè уште се обидуваме да потврдиме дали ја отворил вратата или ја отклучил вратата или само ја влечел кваката“, рече шерифот Ед Гонзалес.