ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Четворица приведени во денешната полициска акција

Претреси на пет локации во Скопје, четворица приведени членови на кланот „Беланоца -Барон“ , од кои кај едно пронајдена големо количина на марихуана, е исходот од денешната големаполициска акција „Бункер“ спроведена по наредба на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.  Сите лица се гонат и за кривично дело убиство, односно доказите на обвинителството укажуваат дека осомничените станале дел од криминална банда која дејствувала подолг период и која имала за цел да врши убиство од одмазда по порачка.

Advertisements

Тројца од осомничените во текот на месец јули 2023 година, на македонска и грчка територија, поттикнати и по порачка од претходно осомничен – организатор на групата, преземале дејствија на извидување на локација на оштетен и обезбедување средства за вршење на кривичното дело, при што во Грција бил лишен од живот припадник на спротивставената организирана криминална група Грчец“, наведуваат од ОЈО ГОКК.

Дел од осомничените учествувале и во убиство на пластичарската улица во Скопје.

Во месец мај 2024 година, пред објект на т.н. пластичарска улица двајца осомничени извршиле убиство на едно лице, а при заминување од местото пукале во возило што било паркирано во непосредна близина при што повредиле други лица од кои едно лице починало. За тројца од осомничените ќе се бара мерка притвор“, додаваат од ОЈО ГОКК

За убиство од одмазда и по порачка во кривичниот законик е пропишана затворска казна од најмалку десет години или доживотен затвор. Покрај тоа што обвинителството бара притвор за тројца од осомничените, за четвртото лице лишено од слобода од судија на претходна постапка ќе се бараат мерки за претпазливост.

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button